„Црвено-црните“ утре ги очекува вториот меч од новата сезона во СЕХА-лигата, а ќе и гостуваат на Војводина во Нови Сад. Ова ќе биде втора шанса на ракометарите на Дејви да го покажат својот квалитет, а примарна задача ќе им биде да ги елиминираат грешките од првиот натпревар.
Тренерот Давид Дејвис најавува дека неговите ракометари ќе дадат се од себе за да дојдат до триумф, во пресметка во која треба да ги корегираат пропустите од претходната средба.
„Мора да ги корегираме грешките од поразот против Нексе. Во триумфот против Пролет бевме подобри, но мора да продолжиме со понапорна работа. Војводина е опасен тим, предводена од Немања Прибак, која игра дисциплинирано, има добар голман и која дома е ептен незгоден ривал. Мора да бидеме трпеливи, ракометарите веќе сфаќаат што барам од нив и како треба да играат. Одиме чекор по чекор и сигурен сум дека ќе биде подобро“, изјави Дејвис.
Натпреварот меѓу Војводина и Вардар ќе се одигра утре со почеток во 17.30 часот во Нови Сад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА