Еурофарм Пелистер со победа над Партизан (23-25) ја започна новата СЕХА-сезона, а тренерот Жељко Бабиќ даде коментар на натпреварот.
Хрватскиот стратег особено им се заблагодари на навивачите кои пристигнаа во Белград за да го бодрат својот тим.
„Убаво е да се игра во Белград, посебно во ваков амбиент. Секоја чест за нашите навивачи кои дојдоа и ни направија да се чувствуваме како дома. Тоа не е мала работа. Што се однесува до натпреварот, мислам дека одлучи нашата дефанзива и смиреност. Кога противникот се доближи и изедначи, ние ја покажавме нашата зрелост и заслужено победивме“, изјави Бабиќ.
Битолчани вечера се враќаат во Македонија и веќе во среда гостуваат кај Бутел во дуелот од 19. коло на Суперлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА