Тренерот Давид Дејвис ја оствари првата победа по враќањето на клупата на Вардар, откако вечерва „црвено-црните“ дојдоа до лесна победа во Нови Сад против Војводина. Ова беше прв триумф на вардарци во овогодинешното издание во СЕХА лигата со 26:16.
Уште од самиот старт четата на Дејвис беше во водство, и само контиунирано ја зголемуваше. Во првиот дел најголемата предност беше четири разлика (6:10 и 7:11), но во финишот пропуштени шанси на Вардар, и Војводина дојде до -2, за 9:11 на полувремето.
Во вториот дел се очекуваше задачата да биде потешка, но Вардар се издигна, па брзо дојде до +5 (9:14), а потоа со нова долга серија на голови стигна и до 11 предност (11:22). Во тој период Војводина постигна само еден гол, додека Вардарци осум пати ја тресеа мрежата на противникот. Тимот од Нови Сад не успеа да погоди ниту два пати од пенал (два пати Гогов одбрани).
Како одминуваше времето до крај, се играше гол за гол, Војводина стигна намали само до девет разлика, но немаше сили за чудо и враќање резултатски на овој меч.
Најефикасен ракометар беше Тимур Дибиров со седум гола, а по четири постигнаа браќата Нјокас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА