Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена во моментов се во Белград, каде вториот рекет во светот се подготвува за сезоната на земјена подлога откако дефинитивно поради тоа што не е вакциниран нема да може да настапи на двата американски мастерса во Индијан Велс и Мајами.
Брачниот пар одлучи слободното време да го помине во еден од ноќните клубови во Белград, каде покажаа колку во моментов се заљубени. Страствен танц и многу бакнежи, така помина вечерта на 20-кратниот гранд-слем шампион и неговата сопруга.
Видеото од танцот меѓу Новак и Јелена можете да го погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА