Словенците си најдоа алиби: За елиминацијата се виновни – македонските судии

Словенија беше елиминирана од Србија во баражот за пласман на СП 2023, избраниците на Урош Зорман ги загубија и двете средби од нашиот северен сосед, но за словенечкиот селектор виновни за неуспехот се – македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои ја делеа правдата на вчерашниот реванш во Крагујевац.

Словенците се жалат на одлуката во финишот, кога при нивно водство од 17-19 Србија не реализираше напад, но Николов им ја врати топката на домаќините, по што следеше нивна серија, пресврт и конечен триумф.

„Јас искрено немам што да им замерам на моите ракометари, се бореа како лавови во одбраната, иако во нападот имавме повеќе технички грешки отколку што требаше. Имаме своја шанса во финишот, но се случи една судиска одлука да го промени целиот тек на мечот“, изјави Зорман.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појави и спорната одлука на македонските судии…

Се вчитува...