Тренерот на Вардар, Давид Дејвис не го криеше задоволството од триумфот на неговиот тим на гостувањето против Еурофар Пелистер со која „црвено-црните“ веќе се на пат за одбрана на шампионската круна, не дозволувајќи им на битолчани да ја откраднат.
Дејвис е на пат да прослави првата своја титула како тренер на Вардар, што посебно за него носи задоволство…
„Тоа беше еден навистина тежок натпревар како и што очекувавме знаејќи каква атмосфера не чека во Битола. Мора да им честитам на сите за оваа атмосфера, но посебно на моите ракометари кои се издигнаа над се и сосема заслужено победија. Сепак, се чини голманите се клучни на вакви натпревари а сега Борко ја направи разликата. Минатата средба Марко Кизиќ беше клучен, а сега тоа е Борко Ристовски кој беше извонреден кога се кршеше резултатот. Мислам дека и одбраната 5-1 се покажа како добро решение, и тоа ни донесе на некој начин поцврста одбрана која исто така е важна за победа“ – ни изјави Дејвис по завршувањето на дербито во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА