Во ракометната супер-лига денеска се одиграа три натпревари во кои домаќините остварија две победи, а еден меч за врши нерешено.
Во Радовиш, домашниот тим успеа да го совлада Прилеп со 25:23. Во еден неизвесен натпревар, на крајот бодовите ги освои Радовиш кој се чини го обезбеди опстанокот. Прилеп, пак, е сигурен на втората позиција во плеј-аутот. 10 гола постигна Постолов, што беше убедливо најефикасен, а зад него Чантурија од Прилеп постигна осум погодоци.
Лидерот во плеј-аут табелата Тинекс Пролет лесно го совлада „фенерџијата“ Скопеј со 28-22. Мартин Димов кај победничкиот тим беше најефикасен со девет гола, додека шест постигна Пејовиќ. Киселовски кај поразениот тим даде седум голови.
Во Охрид, пак, се одигра натпревар во плеј-офот. Охрид и Еурофарм Пелистер 2 ремизираа и играа 23-23. Најефикасни кај Охрид беа Озтурк и Ивановски со по шест гола, додека Џукиќ кај гостите постигна седум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА