Оливие Нијокас летово ќе го напушти Вардар, а искусниот француски бек веќе го договори и новиот клуб во богатата кариера – и тоа во соседна Грција.
Како што јавуваат медиумите од јужниот сосед, Олимпијакос ќе биде нов клуб на Нијокас, кој ги договорил личните услови за преселбата во Атина и се чека само на официјална потврда на овој трансфер. Олимпијакос стигна до титулата во Грција, веќе го ангажираше австрискиот репрезентативец Роберт Вебер, а сега сака со потписот на Нијокас да добие дополнителен квалитет и искуство за наредната сезона.
Браќата Кевин и Оливие Нијокас дојдоа во мак-ракометот со желба да заиграат заедно една сезона пред да ја завршат својата кариера. Тие најпрвин потпишаа за Металург, но непосредно пред стартот на сезоната се преселија во Вардар, тим каде што добро ја почнаа сезоната, но како што одминуваше времето, така и нивната форма се движеше во надолна линија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

