Нема прошка: Шакира се раздели од неверникот Пике

Асот на Барселона, Жерар Пике и познатата поп-ѕвезда Шакира преку заедничко соопштение објавија дека ја прекинуваат 11-годишната врска.

Шпанските медиуми во текот на изминатата седмица најавија ваков расплет, обелоденувајќи дека Шакира го фатила Пике во неверство, по што го избркала фудбалерот од заедничкиот дом во Барселона. Иако постоеја најави дека страстите би можеле да се смират, Шакира на крајот пресекла – не му простила на Пике, ставајќи крај на нивниот заеднички живот.

Тие беа заедно од 2011 година, откако се запознаа за време на снимањето на песната „Вака Вака“, која беше химна на СП 2010 во Јужна Африка. Заедно имаат две деца (Милан, девет години и Саша, седум години), но никогаш не се решија на брак.

„Со жалење мораме да потврдиме дека тргнуваме на различни страни. За доброто на нашите деца, кое ни е најголем приоритет, молиме за почитување на приватноста“, се вели во заедничкото соопштение на Пике и на Шакира.

Се вчитува...