Најдобриот македонски ракометар во историјата Кирил Лазаров објави крај на својата богата кариера. Неговото име ќе остане запишано како најголем во историјата на македонскиот ракомет, но и како рекордер во ракометна Европа со достигнувања што останатите уште долго ќе се мачат да ги остварат.
Ракометниот свет му посакува среќна играчка пензија на Кире, а со соопштение излезе и неговиот поранешен клуб, гигантот Веспрем.
„Кирил Лазаров објави дека засекогаш ја завршува својата играчка кариера. Нашиот поранешен десен бек ги носеше боите на Веспрем во периодот од 2002 до 2007 година, во текот на 5 сезони. 1299 пати ги затресе противничките мрежи, со што стана осми најдобар голгетер на вечната ранг листа на нашиот клуб. Ти благодариме и честитки за кариерата Киро! Кирил Лазаров заминува во пензија. Честитки и се најдобро Киро!“, стои во соопштението на Веспрем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

