Брестовац е на чекор до Тиквеш, Кузманоски блиску до кормилото на Скопје

Ракометните суперлигаши веќе наголемо ги планираат играчките ростери за наредната сезона, а дел од нив летово ќе извршат промени и на тренерските функции.

Тиквеш остана без тренерот Горан Андоновски кој се врати во Охрид, а на негово место се очекува да пристигне Данило Брестовац. Поранешниот македонски селектор имаше успешна авантура во Саудиска Арабија, но сега е подготвен за камбек во татковината, а Тиквеш е лидер во трката за негов ангажман. Преговорите се во напредна фаза и се очекува во најскоро време да дојде до потпис меѓу екс-тренерот на Металург и амбициозниот кавадаречки клуб.

Нов кормилар од наредната сезона се очекува да има и тимот на Скопје, кој едвај обезбеди опстанок во елитното друштво во пенал-рулетот од баражот против Аеродром. Нов тренер на РК Скопје се очекува да биде Горан Кузманоски, поранешниот македонски репрезентативец кој по две години си заминува од клупата на Прилеп и ќе се пресели во главниот град.

Се вчитува...