Кошаркарот на Кливленд, Џеди Осман денеска среде Охридското езеро на венчавката во брод го кажа судбоносното „ДА“ со позната турска актерка Ебру Шахин.
Осман кој е роден во Охрид и своето детство го мина во нашиот најголем туристички центар, се одлучи заедно со својата избраничка на животот венчавката да ја направат во Охрид, во кој и двајцата се вљубени, и тоа во изнајмен брод на кој беа сите негови гости.
Џеди и Ебру изминативе денови престојуваа во Охрид забавувајќи се на локации на охридското крајбрежје, кое како што истакнаа, е едно од нивните најомилени за летен одмор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА