Сапуницата наречена брак на Мауро Икарди и Ванда Нара конечно ќе заврши, откако аргентинската ТВ-водителка објави дека побарала развод од фудбалот.
Бракот беше на стаклени нозе уште од минатиот октомври, кога Ванда го фати Икарди во неверство со една аргентинска актерка. Тогаш фудбалот долго бараше прошка, на крајот доби уште една шанса од Нара, за по неговиот трансфер во Галатасарај и дефинитивно да дојде до крај на љубовта.
„Многу ми е болно што го минувам овој момент во животот, но со оглед на честите медиумски пишувања и шпекулации, сметам дека е најдобро сите да дознаат од мене. Се разделуваме со Мауро, немам што повеќе да објаснувам и да откривам тајни. Ве молам за разбирање, не само поради мене, туку и поради нашите деца“, објави Ванда Нара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА