Ванда Нара го напушти Мауро Икарди, па се појавија информации дека повторно би можеле да се помират, но по новите информации е речиси тешко да се замисли дека темпераментната Аргентинка повторно ќе има разбирање за поранешниот напаѓач на Интер кој очигледно не може да престане да ја изневерува!
Овојпат фудбалерот тоа го направил од Турција каде моментално игра на позајмица во Галатасарај, а мета му е повторно Џендалина Родригез, трансродова манекенка од Аргентина!
„Подгответе се, Мауро Икарди не ме заборави ниту три години подоцна! Сега се обиде да ме контактира од турски број”, напишала Гендалина на Инстаграм, со фотографија од нивната преписка, пред да го заклучи профилот на оваа социјална мрежа.
Сега само малкумина можат да видат за што разговарале Мауро и таа, иако Џендалина Родригез тврди дека нивната долгогодишна авантура сега ќе добие нова форма бидејќи се сели во Турција со познат фудбалер!
И додека целиот свет шпекулира дека Ванда Нара го оставила Мауро Икарди затоа што нашла помлад фудбалер кого повторно го завела, информацијата за врската помеѓу аргентинскиот напаѓач и транссексуална личност која моментално живее на другиот крај од светот е нешто сосема ново во ова лудило на бракот.
Сепак, Џендалина тврди дека со години се заедно со прекини, кои се случуваат само поради Ванда.
„Имаме афера од 2019 година. Мауро никогаш не ја потврди ниту негираше, а очигледно е дека не ја рекламира поради кариерата, семејството и Ванда. Тоа е наизменична романса на која секогаш се враќа. Откако ја откривме нашата љубов, ми кажа дека се би било поинаку кога биолошки би била жена. Се надевам дека сега, кога се разведува од Ванда, максимално размислува за себе, за својата младост и живот“, напишала манекенктата на Инстаграм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА