Сара Ристовска ќе ја продолжи својата авантура во дресот на ЦСКА Москва откако македонската ракометарка и официјално го стави својот потпис на новиот договор со овој руски клуб.
Ристовска е дел од ЦСКА уште од 2019 година, кога пристигна од редовите на Крим, по што со овој тим имаше и едно учество на фајналфор турнирот од Лигата на Шампионите. Санкциите кон руските клубови се причина Ристовска и тимските колешки да не бидат дел од европските купови, но тоа не беше пречка за Македонката да потпише нов договор со својот клуб.
„ЦСКА е големо семејство, пресреќна сум што потпишав нов договор и што ќе продолжам да играм за оваа екипа. Пресреќна сум овде, го научив јазикот, запознав многу добри луѓе, верувам дека ќе продолжиме сите заедно да се бориме за да оствариме добри резултати. Сакам да им се заблагодарам и на навивачите за поддршкаташто ни ја даваат од самиот почеток“, изјави Сара Ристовска по потписот на новиот договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА