Неизвесно е дали Енис Барди ќе остане во Трабзонспор и во новата сезона, но екс-шампионот на Турција во меѓувреме се интересира за уште еден македонски репрезентативец. Станува збор за Валон Етеми, фудбалерот кој сезонава блесна во турското првенство и со 12 погодоци беше најзаслужен што Истанбулспор обезбеди опстанок во елитното друштво.
Етеми го привлече вниманието на неколку турски клубови, но во Трабзон се надеваат дека поради добрите односи со управата на Истанбул ќе успеат да го договорат овој трансфер. Овој фудбалер поради повреда не беше во комбинација за настап на јунските натпревари за македонската репрезентација, која загуби месецов од Украина со 2-3 и од Англија со 0-7.
Само за потсетување, Трабзонспор минатата седмица испрати и понуда за позајмица на Аријан Адеми, македонскиот репрезенативец кој настапува во Кина по потписот за Пекинг Гуан и заминувањето од Динамо Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА