Мурињо има два услови за да го преземе Реал Мадрид

Жозе Мурињо повторно на клупата на Реал Мадрид. Ова е, се чини, реално сценарио откако станаа погласни шпекулациите дека „Специјалниот“ ќе се врати на Сантијаго Бернабеу и по вторпат ќе има можност да го предводи кралскиот клуб.

Според „АС“, Мурињо е вистинската личност да ја среди соблекувалната на клубот, и да го врати тимот на шампионските патеки. Разговорите се чини ќе почнат кога ќе завршат сезоните и во Шпанија и во Португалија.

Со оглед дека Бенфика и натаму е во игра за пласман во Лигата на шампионите, ќе се чека тоа да биде обезбедено, а потоа Реал да тргне по Португалецот.

Добри избори уверуваат дека немало директни контакти, но ова ќе биде последната фаза од операцијата.

Според добро упатени извори до Мурињо, тој би имал два услови да го преземе кралскиот клуб. Првото е „Специјалниот“ да има збор во одлуките за тоа кои позиции треба да се засилат. Според неговата првична проценка, тимот нема рамнотежа на одредени позиции, особено во средината.

Второ Мурињо исто така ќе сака да има влијание на организацијата. Не станува збор за организациската шема, спортскиот или фудбалскиот менаџмент, туку за почитување на хиерархиите и работата на сите оддели. Со него отсекогаш било вака – сферата на првиот тим целосно го носи печатот на Мурињо. Целта е да се избегнат ситуации како оние оваа сезона со Винисиус и неговиот конфликт со Чаби Алонсо – ситуации што би можеле да ги дестабилизираат спортските резултати на тимот.

Се вчитува...