Тимот на Работнички в среда (28 јуни), со почеток во 17 часот, ќе ги стартува подготовките за новата сезона 2023/24. Шефот на стручниот штаб Милан Илиевски во клупската база ќе го има првиот собир со фудбалерите, а потоа тимот ќе стартува и со реализација на планираната програма.
Првиот дел од подготовките Работнички ќе го реализира во Скопје, а на 16. јули ќе замине во Словенија, каде ќе одигра четири пријателски натпревари.
Фудбалерите во текот на денешниот и утрешниот ден ќе ги минат задолжителните лекарски прегледи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА