Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу во новата сезона ќе настапува во нови бои откако денеска официјално потпиша договор со германскиот второлигаш Падерборн. Во популарната „Цвајте“ 28-годишникот доаѓа од Инголштад чиј дел беше од зимата 2022 година.
Стоперот кој настапи на 41 натпревар за Инголштад емотивно се збогуваше од доскорешниот клуб. Гостиварецот на социјалните мрежи објави порака во која напиша дека никогаш нема да го заборави местото каде воедно го доби и својот син.
„Инглштад е најемотивниот мој период во кариерата и секогаш ќе носам прекрасни спомени од настапите за овој клуб и во втората и во третата лига, за сето искуство кое го стекнавме и најмногу поради семејната атмосфера која владееше во клубот. Со Инглштад јас вечно ќе бидам поврзан, зашто во овој град е роден мојот син“, објави Муслиу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА