Прволигашот Шкендија ја забележа и втората победа на подготовките за новата сезона. По триумфот против Петролул тетовскиот тим славеше и против Рогашка, овој пат со 1-0.
Стрелец на победоносниот гол беше Тотре кој ја затресе мрежата во 32. минута.
Шкупи ремизираше со 1-1 против албанскиот прволигаш Егнатија во натпревар во кој мрежата за чаирчани ја затресе алжирскиот интернационалец Валид Хамиди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА