Силекс за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига се засили и со офанзивецот Антонио Каланоски.
29-годишниот Каланоски во редовите на кратовци доаѓа од екипата на Гостивар каде настапуваше изминатава сезона.
Претходно во својата кариера Каланоски, кој потекнува од фудбалската школа на Охрид, има настапи и за Металург, Младост Царев Двор, Напредок, Еуромилк ГЛ, Борец, Струга ТЛ, Победа, Беласица и Шкупи, а во два наврати претходно настапуваше и за Силекс во сезоната 2016/17 и во сезоната 2021/22.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА