Брегалница се засили со напаѓачот Венегас од Костарика, и дефанзивецот Дикенс од Панама (ФОТО)

Брегалница продолжува со засилувањата за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, овој пат со интернационалците од Костарика, Фабрицио Де Јесус Венегас односно од Панама, Џамал Дикенс.

И двајцата доаѓаат од екипата на Футбол Консултанс Декампаредос од шампионатот на Костарика.

24-годишниот Венегас ќе го засили офанзивниот среден ред и нападот на тимот, а претходно во својата кариера, покрај за Футбол Консултантс, има настапувано и за Санта Ана, исто така во костариканското првенство.

Фабрицио Де Јесус Ванегас

21-годишниот Дикенс, пак, е централен дефанзивец, кој може да игра и на левата дефанзивна позиција. Исто така доаѓа од Футбол Консултантс од Костарика, а претходно настапувал и во клубови во својата родна Панама.

Џамал Дикенс

Пред Дикенс и Ванегас, Брегалница се засили и со голманот Мартин Давков, како и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.

Се вчитува...