Во последниот натпревар на подготовките во Болу, Турција, екипата на Шкупи беше вторпат подобра од Херманштад, и денеска ја совлада романската екипа со 1-0.
Голот беше автогол на Романците, со кои чаирскиот тим стигна до триумф пред враќањето во Скопје. Првиот меч заврши со победа од 2-1.
Шкупи ги заврши трите предвидени натпревари на подготовките во Турција. Два пати го совлада Херманштад, а ремизираше со албанскиот тим Егнатија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА