Екипата на Македонија ЃП ремизираше (3-3) на пријателскиот натпревар со Радомље. „Лавовите“ имаа негатива од 0-3 за 48 минути, а потоа само успеаја да избегнат пораз.
На полувреме беше 0-2 за Радомље. Веднаш на стартот од вториот дел и трет гол во мрежата на ѓорчепетровци. Самир Фазли во 69. минута успеа да намали на 1-3.
До крајот на мечот, Македонија ЃП постигна уште два гола, преку Фазли во 79. минута и Стојкоски во 90. минута, за конечни 3-3, иако првично од страна на судиите беше покажано дека е поништен погодокот на Фазли поради офсајд позиција.
Следен „тест“ за „лавовите“ е против Чукарички, по што експедицијата се враќа во Скопје, каде ќе се подготвува за дуелите против РФС Рига во Лигата на Конференции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА