Шкупи ги заврши подготовките во Болу, подготовките за европскиот предизвик ги продолжува дома

Шкупи ги заврши подготовките во турски Болу, и се враќа во Скопје каде ќе продолжи да се подготвува за европските натпревари против Хегелман од Литванија.

Тимот од Чаир со неколку новини во составот и некои играчи кои заминаа, одигра три контролни натпревари, низ кои двапати го совлада тимот на Херманштад, и одигра нерешено против Егнатија.

Шкупи првиот меч го игра како гостин на 13. јули, додека реваншот е седум дена подоцна во Скопје.

На последниот ден од подготовките и заедничка тимска фотографија од Болу.

Се вчитува...