Воска го потпиша и Бесар Исени

Новиот прволигаш Воска продолжува со активностите за засилување на играчкиот кадар, откако денеска потпиша договор со Бесар Исени, поранешниот фудбалер на Шкупи и Вардар кој го стави потписот на договорот со охридскиот клуб.

„По неколкудневни преговори, Исени ја прифати нашата понуда. Презадоволни сме како клуб што успеавме да донесеме квалитетен фудбалер. Тој настапува како централен играч за врска, згора на тоа е и одличен дриблер, така што нашиот среден ред сигурно ќе има корист од неговите квалитети“, објавија челниците на Воска.

Исени досега има одиграно 134 натпревари во македонскиот шампионат, притоа постигнувајќи 13 погодоци и три асистенции. Тој ланската сезона ја почна во албанскиот клуб Егнатија, потоа се пресели во косовскиот прволигаш Феризај, од каде се враќа назад на македонската фудбалска сцена.

Се вчитува...