Вилдан Керим нов фудбалер на Воска Спорт

Крилниот фудбалер Вилдан Керим се пресели во Воска Спорт од редовите на Гостивар. Керим дојде во новиот прволигаш како слободен агент, а во кариерата покрај Македонија, играше и во Турција и во Косово.

Настапуваше во многу клубови, покрај Гостивар беше дел и од Вардар, Скопје, а играше и за косовските Дукаѓини и Дреница. Во Турција беше дел од неколку нисколигаши.

Воска продолжува да го гради тимот за деби настапот во прволигашката конкуренција. Досега на екипата и се приклучија голманот Бурхан Мустафа, потоа стоперот Фати Исмаили, Никола Стијеповиќ, Николче Шаркоски и Бесар Исени.

Се вчитува...