Сагосен е пример за лојалност: Никогаш не сум играл ракомет за пари, останувам во Колштад

Големата финансиска криза на норвешкиот првак Колштад е главна вест во ракометната јавност во Европа, но големи се шансите дека оваа екипа ќе ги задржи сите ракометари кои се под договор.

Одлична вест за клубот е што најголемата ѕвезда на екипата, Сандер Сагосен, јавно откри дека е подготвен да остане во Колштад и да прифати намалување на платата. Сагосен токму летово доаѓа во клубот од редовите на Кил и ќе биде главна „ѕвезда“ на тимот, откако најави дека финансиските проблеми нема да ги променат неговите планови за иднината.

„Секако, ова е брутална вест за сите кои се вклучени во проектот. Секогаш е жално кога ќе се случи вакво нешто во еден ракометен проект. Сепак, јас никогаш не сум играл ракомет за пари. Стојам цврсто зад проектот и верувам дека на крајот се ќе биде како што треба“, порача Сагосен.

Се вчитува...