Сцени кои не се возможни во Европа или Аргентина: Меси отишол да пазари, речиси никој не го препознал

Лионел Меси би требало до следниот петок да дебитира за Интер Мајами, клуб за кој потпиша откако му истече договорот со ПСЖ. Аргентинецот стигна како голема фудбалска ѕвезда, но дека фудбалот не е број 1 спорт во САД покажува фактот дека Меси никој не го препознал, иако тој самиот заминал да пазари во најблискиот супер маркет во Мајами.

Тоа покажува дека не е толку популарен во оваа земја, колку што беше во Европа кога играше за Барселона и за ПСЖ.

Речиси никој во маркетот не го преепознал, освен еден продавач кој се замолил да се фотографира, што Меси без проблем се согласил. После тоа продолжил со купување, платил и заминал од маркетот. Ваквите сцени не би биле можни во Европа, особено не во родната Аргентина.

Меси во МЛС ќе заработи 55 милиони долари. Адидас му понуди процент од продажба на дресови во САД.

 

Се вчитува...