Еден од најдобрите ракометари на денешницата, Микел Хансен на стартот на годината изненади со одлуката да земе одмор среде сезона поради преголемиот стрес што го чувствувал и покрај освоената светска круна со данската репрезентација.
А, неколку месеци подоцона доаѓаат и добри вести од скандинавската држава каде медумите објавуваат дека 35-годишникот ги надминал проблемите со депресијата и се вратил на теренот. Хансен се појави на тренингот на Алборг, вест која ја потврди и директорот на клубот Јан Ларсен.
„Микел ги започна подготовките со останатиот дел од тимот. Постојано разговаравме со него во текот на процесот и сега едвај ги чекаме предизивците кои следат. Веруваме дека ќе биде подготвен за настап на ниво на кое се и сите други“, изјави Ларсен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

