Елена Ѓоргиевска со трансфер во Турција

Македонската ракометна репрезентативка Елена Ѓоргиевска ќе ги промени клупските бои летово, откако реши да си замине од романскиот прволигаш Магура. Следна дестинација во кариерата на десниот бек ќе биде Турција, каде Ѓоргиевска ќе потпише договор со Коњалти Анталија.

Станува збор за клуб што триумфираше во ЕХФ-купот, а каде веќе настапуваат уште две македонски репрезентативки, Ивана Гакидова и Моника Јанеска.

Елена Ѓоргиевска во својата кариера настапуваше за Кометал ЃП, Вардар, Будуќност, Баја Маре, Крајова, Фехервар, Подравка, Магура… а трансферот во Турција и настапот за амбициозен клуб би требало да ја крене нејзината форма во пресрет на новиот квалификациски циклус на нашиот национален тим.

Се вчитува...