Стојанче Стоилов денеска и официјално објави крај на кариерата, големиот ас во иднина нема да го носи црвено-црниот дрес, но останува во клубот како дел од стручиот штаб на тренерот Недановски.
Стоилов на денешната прес-конференција ја потврди информацијата за крај на играчката кариера, во која врвот беше достигнат со двете европски круни во Келн.
„Благодарност до сите кои се дел од оваа прес-конференција, знам дека се тука бидејќи го сакаат Вардар бидејќи тоа е важно за мене бидејќи сакам да работам само со луѓе со ентузијазам да помогнат на овој клуб. Низ годините видов убави работи од Вардар, знам како се чувствував кога бев дел од тоа. За жал, во последните години Вардар беше оставен сам на себе, со многу опструкции, но мислам дека сме подготвени да свртиме нов лист. Целта е да го вратиме Вардар онаму каде што припаѓа, пак да биде шампион на Македонија и да игра во Лигата на Шампионите. Можеби тоа нема да се случи веднаш, но ќе работиме за таа заедничка желба да се реализира. Не велам дека ќе биде лесно, пред нас е многу работа, но веруваме во потенцијалот што го поседуваме како клуб“, изјави Стоилов.
Тренерот Владо Недановски е свесен дека присуството на Стоилов во неговиот стручен штаб ќе биде и притисок, бидејќи приоритет мора да биде доброто на РК Вардар.
„Сакам да ја искажам мојата благодарност до претседателот Михајловски што и покрај освоеното трето место минатата сезона, ја добив довербата да останам шеф на стручниот штаб. Чест ми е што ќе го имам Стоилов како член на мојот стручен штаб, тој е најголемото вардарово име и голема благодарност до него што прифати да биде мој помошник. За мене можеби ќе претставува притисок што го имам најголемото вардарово име за асистент, но тој е голем познавач на ракометот и сигурно ќе биде од голема помош на Вардар“, изјави Недановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

