Ракометарите на Бутел Скопје ги започнаа подготовките за новата сезона во суперлигашкото друштво. Новиот тренер Горан Кузманоски и неговиот асистент Дарко Јанев, денеска во спортската сала „Антон Димитров“ го одржаа првиот тренинг, означувајќи старт на подготвителниот период во кој „бутелци“ ќе билдаат кондиција и форма во пресрет на предизвиците што ќе ги очекуваат од септември.
На тренингот беа присутни сите ракометари на кои ќе се смета во новата сезона, меѓу кои и новаците – Александар Стојаноски, Лука Иваниќ, Дамјан Георгиев, Марко Стојанов и Иван Андревски.
Подготовките ќе се одвиваат во Скопје и во Србија, каде што скопскиот суперлигаш ќе игра пријателски средби со тамошниот шампион Војводина, Југовиќ и Металопластика Шабац, а кон крајот на август го очекува и настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид каде ќе игра против македонскиот првак Еурофарм Пелистер, Татран Прешов и повторно против Металопластика, како и уште еден меч за пласман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

