Ривалот на Алкалоид донесе и пивот од Тунис

Екипата на Војводина, која е еден од противниците на Алкалоид во Лигата на Европа на ЕХФ, дополнително ги засили своите редови потпишувајќи договор со Маруан Шуриеф.

Станува збор за пивот од Тунис висок 197 сантиметри, кој важи за одличен дефанзивец и би требало да биде големо засилување за тимот од Нови Сад. Шуриеф во кариерата има настапувано во Трембле во Франција, потоа во Бундес-лигата, во Тунис, како и во турскиот прволигаш Гезтепе. Tој ќе биде вториот Тунижанец во ростерот на Војводина, откако зимава од Металопластика пристигна и Мохамед Азиз Аиди.

Војводина, која минатата сезона доминираше на српската сцена, воедно и го освои ЕХФ Купот, пред Шуриеф ги потпиша и левото крило Стефан Сунајко и десниот бек Милан Голубовиќ од Динамо Панчево, десното крило Вукашин Воркапиќ од француски Иври и голманот на Партизан,, Андреј Трнавац.

Се вчитува...