Ракометната репрезентативка на Македонија, Сања Дабевска, си замина од редовите на Локомотива Загреб и кариерата ќе ја продолжи во таборот на Униреа.
Романскиот клуб не е дел од елитното друштво во оваа земја, но најавува формирање на силен ростер со кој ќе атакува на влез во Првата лига. Дабевска потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката на уште една година. Униреа е втор тим за Дабевска во Романија, ако се знае дека таа пред неколку години настапуваше и за составот на Четате.
Пивотот на нашиот национален состав не ја доби посакуваната минутажа во хрватскиот првак минатата сезона, поради што остана на скромни четири постигнати гола на средбите во Лигата на Шампионите. Тоа беше доволна причина за нов трансфер, при што Дабевска од неколкуте понуди што ги имаше ја избра онаа на Униреа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

