Германскиот ракометен тим Кил, го потпиша искусниот леворак шпански ракометар Едуардо Гурбиндо. 35-годишниот ракометар кој игра на десната бековска позиција, во германската екипа стигнува од таборот на Динамо Букурешт, каде настапуваше досега. Во својата кариера Грубиндо беше краток дел и од Вардар во 2021 година, а играше и за Барселона, Нант, Валјадолид, Торевиеха, Сан Антонио…
Искусниот Шпанец зад себе ги има сите можни трофеи на репрезентативно ниво на Европските првенства, додека на светските има само бронза.
„Едуардо е ракометар со високо ниво на играчка интелигенција. Јасно е дека ќе му треба време за прилагодување за да го разбере нашиот стил на игра и да биде засилување за нашиот тим.”, рече тренерот на „зебрите“ Филип Јиха.
И самиот ракометар е задоволен од трансферот…
„Кил е еден од најдобрите клубови во светот и многу се посветува на секој ракометар“, изјави Гурбиндо по потписот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

