Гедбан: Среќен сум што се вратив во Македонија, во Битола се чувствувам како дома

Калифа Гедбан последен се приклучи на шампионскиот проект на Еурофарм Пелистер, одличниот голман му се стави на располагање на тренерот Јовиќ и уште повеќе ја зголема конкуренцијата во овој дел од тимот, каде стручниот штаб на располагање ги има и Кизиќ и Словенецот Лесјак.

По минатите подготовки со тимот во Маврово, Гедбан не го крие задоволството што е дел од битолскиот клуб и најавува добри резултати ан тимот во сите натпреварувања.

„Многу сум среќен што се вратив во Македонија, овојпат во друг клуб – во Еурофарм Пелистер. Навистина сум среќен. Мислам дека имаме добар тим, мора да се бориме за домашната титула, а ќе играме и во Лигата на шампионите. Нема да биде лесна сезона, но мора да се бориме за секој натпревар. Го посетив градот 3-4 пати претходно, а сега ќе живеам тука. Ми се допаѓа градот, луѓето исто така и не се чувствувам како странец, туку како да сум дома. Лигата на шампионите е најважното натпреварување во светот на ракометот. За Еурофарм Пелистер многу е важно што ќе учестува оваа сезона. Ќе биде интересен и голем предизвик за сите нас“, изјави Гедбан.

Се вчитува...