Познати групите за турнирот во Струга

Организаторите на 51. издание на најстариот ракометен турнир во Македонија, „Струга“ ги објави групите за годинашното издание.

Двократниот европски шампион Вардар се најде во групата Б заедно со домаќинот Струга и шведска Ескилскуна Гуиф.

Во групата А, Алкалоид за противници ќе ги има АЕК и Динамо Панчево.

Турнирот ќе се одигра од 16. до 19. август на теренот „Горан Попоски – Бабец“ во Струга.

Титулата минатата сезона ја освои шампионот на Македонија, Пелистер кој во финалето славеше над словенечкиот Целје.

Се вчитува...