Голема е веројатно Илија Несторовски да остане и натаму во Италија, но во идната сезона да настапува во Серија „Б“. Откако се раздели со тимот на Удинезе, Несторовски тренира индивидуално во обид да најде нов ангажман.
Бројот на заинтересирани клубови од италијанската втора по ранг лига се зголемува, па така сега на листата се и тимовите на Тернана и на Парма, кои се интересираат за македонскиот голгетер.
Предтгодно беше објавено дека Венеција и Палермо се исто така меѓу заинтересираните клубови за неговиот потпис. Несторовски играше во Палермо, па можен е кам-бек во овој тим. Претходно имаше информација дека и Сампдорија се интересира за македонскиот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА