Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски на социјалните мрежи објави дека се повлекува од настапи во националниот тим на Македонија. Ова е неочекувана вест, со оглед дека Ристовски беше стандарден во репрезентацијата, а истакна тоа го прави поради нарушени односи со селекторот Благоја Милевски.
Засега не е познато дали и кога Ристовски ќе се врати во националниот тим, односно дали ова повлекување ќе биде на сила само додека е Милевски селектор, а потоа одново ќе игра во дресот со државниот грб или ова е крај за него во репрезентацијата засекогаш.
Ристовски за националниот тим досега има одиграно 80 натпревари, низ кои постигна 2 гола.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА