Организаторите едногласни: Очекуваме квалитетен турнир во Струга

Најстариот македонски ракометен турнир во Струга неделава ќе го има своето 51. издание. Алкалоид, Динамо Панчево и АЕК Атина се во групата „А“, додека во групата „Б“ се екипите на Струга, Есклистуна ГУИФ и скопски Вардар 1961.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски вели дека е среќен што овој турнир расте и се развива од година во година.

„Ние како Агенција за млади и спорт сме покровители на овој турнир и задоволство ни е што гледаме како турнирот расте и се развива од година во година“, изјави директорот на АМС, Наумче Мојсовски. 

На прес конференијата присуствуваше и генералниот секретар на РФМ.

„Нас ни е драго што оваа спортска манифестација има сериозен интегритет што се одржува многу, многу наназад. Сакам да истакнам дека РФМ низ сиве овие години дава максимална поддршка на оваа спортска манифестација. Од аспект на организациски дел, имаме искуство, знаеме како тоа ќе се спроведе. Очекуваме да има многу возбудливи натпревари и да биде уживање за секој спортски љубител“, изјави генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски кој беше дел од денешната промотивна прес конференција за турнирот. 

Се вчитува...