Почетокот на турнирот во Добој мина катастрофално за ракометарите на Барселона, не резултатски бидејќи рутински ја совладаа Војводина со 39-29, туку поради тешката повреда што ја заработи Домен Макуц.
Младиот Словенец беше планиран како клучен играч кај тренерот Ортега, прва опција на среден бек по заминувањето на Лука Циндриќ, но Макуц остана да лежи во агонија, по што веднаш стана јасно дека повредата е крајно сериозна. Барселона преку клупско соопштение потврди дека станува збор за проблем со коленото на левата нога, дополнителните прегледи ќе покажат за колкава пауза ќе стане збор, но јасно е дека прогнозите не се нималку „розеви“.
„Денеска целиот меч остана во сенка на повредата на Макуц. Чекаме да видиме за што точно станува збор, но дефинитивно не изгледа на добро. Го познавам Домен и тој ќе стори се за да се врати што поскоро, го очекува период надвор од терените, а ние ќе мораме да се регрупираме, нема сомнеж дека оваа повреда сериозно ни ги нарушува плановите“, изјави тренерот Ортега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

