Еурофарм Пелистер лесно и убедливо стигна до првата победа на турнирот во Добој, славејќи над домаќинот Слога Добој со резултат 39-24. Македонскиот првак експресно го остави зад себе вчерашниот двоцифрен пораз од Ал Ахли, па денеска демонстрираше надмоќ на теренот во однос на домашната екипа, на крајот заслужено триумфирајќи со „плус 15“.
Ракометарите на Слога успеваа барем малку да парираат во првото полувреме, во кое битолчани имаа контрола над играта и резултатот, но на одмор заминаа со „само“ четири гола предност (16-12). Избраниците на Александар Јовиќ потоа имаа целосна доминација во вторите 30 минути игра, за во завршните 10 минути да стигнат до преубедливи 15 гола разлика.
Во третото коло Еурофарм Пелистер ќе има далеку потешка задача, ако се знае дека битолчани за ривал ќе го имаат францускиот гигант Монпелје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

