Македонскиот ракометен вицешампион со триумф над Динамо Панчево (27-23) го стартуваше настапот на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2023“.
Првото полувреме помина во тврда игра на двете страни во која цврстите одбрани беа во прв план, а и двата тима правеа многу грешки во нападот. Сепак и покрај тоа, разликата во квалитет беше евидентна на страна на Алкалоид кој на полувреме замина со водство од три гола (12-9).
Во вториот дел избраниците на Кирил Лазаров само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 27-23.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

