Алкалоид и Вардар ќе ги одмерат силите во големото финале на традиционалниот Струшки ракометен турнир, откако двата македонски клуба излегоа како победници од своите групи.
Алкалоид вечерва одигра уште еден одличен меч, славејќи над грчкиот гигант АЕК со резултат 26-23. Избраниците на Кире Лазаров подобро го отворија мечот, поведоа со 7-4 во 10. минута, но потоа дојде до пад во нивната игра, а гостите од Грција го искористија тоа за да поведат со 13-15. Вториот дел донесе перфектно дефанзивно издание на македонскиот вицепрвак, кој благодарение на цврстата зона и одличниот голман Ромеро во овие 30 минути игра прими само осум гола.
Мацкевич беше расположен на голот на АЕК, но во финишот значајни погодоци реализираа Серафимов, Митев и Стојковиќ, за голема победа на Алкалоид и потврда на одличната форма на овој тим во пресрет на новата натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

