Костески во идеалниот тим на турнирот во Добој

Ракометарот на македонскиот шампион Пелистер, Ненад Костески се најде во идеалниот тим на интернационалниот ТВ турнир во Добој.

Пелистер имаше слаб настап на овој турнир во кој оствари победа само против домашната Слога, а рутински ги губеше мечевите со Ал Ахли, Монпелје и Загреб, сепак младото крило одигра одлични четири меча.

На крајот тоа значеше место меѓу најдобрите седум играчи на турнирот, кој е почеток на тешката сезона во која битолчани ќе имаат пеколно тешка задача во Лигата на шампионите.

Се вчитува...