Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е пред трансфер во редовите на Севилја, дознава ЕКИПА.
29-годишниот Димитриевски е пред договор со Севилја, како замена за мароканскиот голман Јасин Боно кој пред само неколку денови стана нов чувар на мрежата на Ал-Хилал, и им се приклучи на Нејмар и на Сергеј Милинковиќ-Савиќ во тимот од Саудиска Арабија.
Севилја, како што дознаваме, е во завршни преговори со Рајо Ваљекано за трансферот на Димитриевски, и покрај тоа што изминативе денови како опција за замена на Боно се истакнуваше и хрватскиот голман Ливаковиќ. Но, според последните информации Ливаковиќ веќе го договорил трансферот во турски Фенербахче.
Па, сега опција број еден за голот на Севилја е Столе Димитриевски кој брани во извонредна форма во дресот на Рајо Ваљекано. Се очекува наредниве денови, доколку преговорите финализираат на задоволство на двете страни, Димитриевски да биде промовиран во дресот на Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА