Еурофарм Пелистер убедливо славеше против Бутел на турнирот во Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со победа го почнаа настапот на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Битолчани славеа против Бутел Скопје со убедливи 32-21.

Бутел Скопје парираше на фаворитот единствено во првото полувреме кое Еурофарм Пелистер го доби со 12-10. Во второто полувреме целосна доминација на македонскиот шампион кој сосема заслужено стигна до победата.

Битолчани во следниот натпревар на турнирот ќе играат протв словачкиот вицепрвак Татран Прешов, додека Бутел ќе се соочи со тимот на Металопластика.

Свеченото отварање на турнирот е денеска во 17:40 часот во спортската сала „Билјанини извори“, a од 18 часот се среќаваат ГРК Охрид и Олимпијакос. Турнирот, кој е во организација на ГРК Охрид и под покровителство на Општина Охрид, се игра до 26. август.

Се вчитува...