Ракометарите на Рајн Некар Левен не успеаја со трофеј да ја почнат сезоната откако во Супер-купот на Германија во неверојатна завршница загубија од Кил со 36-37, и тоа во пенал-рулет. „Лавовите“ покажаа одлична игра во пресрет на гостувањето во Скопје против Вардар, како јасна порака дека се решени не само да ги минат квалификациите, туку и да го нападнат трофејот во Лигата на Европа.
Вечерашниот меч со Кил беше супердраматичен, а РНЛ може само да жали што не се закити со трофејот, ако се земе во предвид лудиот финиш на мечот. При водство на Рајн Некар од 33-32 најпрвин Кил не реализираше пенал за израмнување, по што на петнаесет секунди до крајот беше досуден и пенал за „лавовите“. Гол ќе значеше и дефинитивна победа, но Кнор не успеа да го совлада Мрква, па на спротивната страна Екберг погоди за израмнување од 33-33.
Согласно пропозициите, веднаш се премина на пенал-рулет, а во него повторно блесна голманот на Кил, Мрква, кој со две успешни интервенции им го донесе трофејот на „зебрите“.
What a way to begin the handball season!
High paced match. Two missed penalties in the end. And the this. Now? Penalty shoot-out. Handball 🤩
🎥: DYN#handball pic.twitter.com/3t0phk8i5h— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) August 23, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

