Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја запишаа и втората победа на второто издание од Интернационалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ кој се игра во Охрид, триумфирајќи со 29-24 против словачки Татран Прешов.
Македонскиот шампион беше подобар тим од самиот почеток на мечот иако не успеа низ 60 минути да се стекне со предност повисока од четири гола разлика. На полувремето Еурофарм Пелистер имаше водство од 14-12.
Во вториот дел се играше во ист ритам со предност на битолчани од два до четири гола разлика, за на крај да се заокружи победа од 29-24. Тајник и Пешевски беа најефикасни кај Еурофарм Пелистер со по шест постигнати погодоци.
Со оваа победа Еурофарм Пелистер си обезбеди финале на турнирот во Охрид против грчки Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

